И Сенатот изгласа објавување на досиејата на Епштајн

Американскиот Сенат едногласно го усвои законот, кој претходно го поддржа Конгресот, со кој му се налага на Министерството за правда да ги објави сите истражни досиеја за починатиот сексуален предатор Џефри Епштајн.
За наредбата да стапи во сила треба да биде потпишана од американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходно најави дека ќе го направи тоа.
Претходно, во Конгресот со 427 гласа „за“ и еден „против“ од републиканецот Клеј Хигинс од Лујзијана беше изгласано за објавување на досиејата на Епштајн.
Демократи во Претставничкиот дом минатата недела објавија над 20.000 документи од архивата на Епштајн, кој во 2019 година во притвор изврши самоубиство, откако беше уапсен за сексуални злосторства. Додека неговата поранешна девојка Гилејн Максвел отслужува 20-годишна казна за сексуална трговија со деца.
Ако законот биде потпишан од Трамп тогаш во рок од 30 дена федералните обвинители треба да ги објават сите недоверливи документи и записи, како и комуникациите и истражните материјали што ги имаат Министерството за правда, ФБИ и канцеларијата на државниот обвинител.
Исто така ќе треба да се објават имињата на поединци и субјекти споменати во кој било случај поврзан со Епштајн, како и внатрешните комуникации на Министерството за правда поврзани со случајот.
Но, сè уште не е познато колку и кои документи ги поседува Министерството за правда, бидејќи Епштајн и Максвел беа предмет на неколку федерални истраги.
МИА
Ново на Сител
-

Повторно раст на цените на нафтата
-

Основците по неколку часа на ден гледаат содржини на телефон, до осмо одделение речиси престануваат да читаат книги
-

„Онкологија“: Вештакот од Србија укажува на пропусти во лекувањето и недоволно следење на пациентите
-

Случај „Ивана и Катја“: Стојанче барал 30.000 евра за да се повлече од станот, сведочеше братот на Ивана
-

Иран погуби младо момче кое учествувало во антивладините протести
-

Почнува примената на новиот возен ред на ЈСП „Скопје“ за дел од автобуските линии во главниот град
-

Савески: Одлуката за отповикување на овластувањата на обвинителката Ристоска не беше персонална, туку е од организациска природа
-

МФ: Извршен поврат на солидарен данок од 1,219 милијарди денари кон 119 компании
