Три лица осомничени за тешка кражба од казино во Бутел

Три лица се осомничени за кражба од казино во Бутел, при што биле одземени 1.460.856 денари, соопшти денеска Основното јавно обвинителство Скопје.
- Во предистражна постапка, по наредби на Основното јавно обвинителство Скопје обезбедени се докази кои упатуваат на основано сомнение спрема три лица како извршители на кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 2 од Кривичниот законик, сторено на 11 април во казино во Бутел. Јавниот обвинител поведе истрага, бидејќи постои сомнение дека тројцата се дружиле за да извршат кражба и од казиното одзеле 1.460.856 денари, соопшти Јавното обвинителство.
Претходниот ден, како што наведува во соопштението, осомничените – двајца браќа на возраст од 20 и 22 години, како и 29-годишник вработен во казиното, седеле во кафе бар и се договориле како да ја извршат кражбата.
- Според договорот, на критичниот ден, осомничениот вработен во казиното им дал знак кога е погодно време за реализација на кражбата. Браќата дошле со автомобил пред казиното, при што едниот останал во возилото, а другиот маскиран насилно влегол во објектот, се упатил кај касата и првично му покажал пиштол на вработениот – осомничен како да му се заканува. Потоа пиштолот го оставил на пултот и заедно ја наполниле торбицата со парични средства од вкупниот промет од претходниот ден, со намера противправно да ги присвојат. Веднаш потоа двајцата браќа избегале од местото на настанот, информираат одм Јавното обвинителство.
Јавниот обвинител, ценејќи ги сите околности и исполнетоста на законските основи, до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерки на претпазливост за двајца осомничени кои се лишени од слобода. Се предлага забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице во Судот, привремено одземање на патните исправи, забрана за посетување на казиното и забрана за приближување, воспоставување или одржување контакти со останатите осомничени.
За третиот осомничен кој е во бегство, како што велат од Обвинителството, предложено е определување мерка притвор која ќе започне да се применува по неговото пронаоѓање и лишување од слобода.
Ново на Сител
-

Санкционирани 104 непрописно паркирани возила во Центар за една недела
-

Колумбија: Најмалку 16 матуранти загинаа во пад на автобус во клисура длабока 80 метри
-

Најстудено утрово во скопски Петровец и Берово -6 степени
-

Запленета брендирана стока и разновиден алат, две лица приведени | ФОТО
-

СДСМ утре ќе го бира новото раководство
-

Почувствуван земјотрес во Скопје и околината
-

Од денеска нова авиолинија од Скопје до Прага на „Визер“
-

Седница на собраниската Комисија за европски прашања
