Нетанјаху: Хамас викендов го отфрли предлогот за враќање на преостанатите заложници
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Хамас викендов го отфрлил предлогот за враќање на половина од преостанатите живи заложници што ги држи во Појасот Газа, бидејќи бара прекин на војната и повлекување на израелската армија од палестинската енклава.
„Ако сега попуштиме пред барањата на Хамас, сите големи достигнувања од војната, кои ги постигнавме благодарение на заслугите на нашите војници, нашите паднати и нашите херојски ранети, сите тие достигнувања ќе исчезнат“, рече Нетанјаху, објави „Тајмс оф Израел“.
Тој додаде дека нема да „попушти пред убијците“.
„Како ваш премиер, нема да попуштам пред убијците кои го извршија најтешкиот масакр врз еврејскиот народ од Холокаустот. Таквото попуштање ќе ја загрози земјата и вас“, додаде тој.
Нетанјаху, исто така, ги отфрли тврдењата дека Израел може да го измами Хамас да ги врати сите заложници, а потоа да ја продолжи војната, велејќи дека меѓународната заедница нема да го дозволи тоа и дека оние кои се залагаат за таква тактика не разбираат како функционираат меѓународните односи.
Ново на Сител
-
43-годишен маж од Тетово се заканувал на наставник, оштетил и дел од инвентарот
-
Голем пожар во Вардариште, поради ризик исклучена струјата во делови на Аеродром, Ново Лисиче и Гази Баба
-
Приведени петмина скопјани и еден Американец, пронајдена дрога
-
Лице изгубило над 2.000 евра, го измамиле со лажен профил за „сигурни спортски типови со загарантирана добивка“
-
Флекс Кредит одбележува 5 години постоење со наградна игра: „Признавам – не можам без тебе”
-
Во април 357 одобренија за градење од кои 177 за високоградба, предвидени 729 станови
-
Индискиот авион се урнал врз хостел за лекари
-
Игуменот Георгиј едногласно избран за нов Митрополит Дебарско-кичевски