Нетанјаху: Хамас викендов го отфрли предлогот за враќање на преостанатите заложници

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Хамас викендов го отфрлил предлогот за враќање на половина од преостанатите живи заложници што ги држи во Појасот Газа, бидејќи бара прекин на војната и повлекување на израелската армија од палестинската енклава.
„Ако сега попуштиме пред барањата на Хамас, сите големи достигнувања од војната, кои ги постигнавме благодарение на заслугите на нашите војници, нашите паднати и нашите херојски ранети, сите тие достигнувања ќе исчезнат“, рече Нетанјаху, објави „Тајмс оф Израел“.
Тој додаде дека нема да „попушти пред убијците“.
„Како ваш премиер, нема да попуштам пред убијците кои го извршија најтешкиот масакр врз еврејскиот народ од Холокаустот. Таквото попуштање ќе ја загрози земјата и вас“, додаде тој.
Нетанјаху, исто така, ги отфрли тврдењата дека Израел може да го измами Хамас да ги врати сите заложници, а потоа да ја продолжи војната, велејќи дека меѓународната заедница нема да го дозволи тоа и дека оние кои се залагаат за таква тактика не разбираат како функционираат меѓународните односи.
Ново на Сител
-

Кога Македонците ќе зборуваат во Унијата по цени како дома?
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Низа настани за одбележување на 75-годишнината на Државниот архив
-

Дизелот поскапува, бензинот БС-95 поевтинува: Нови цени од полноќ
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Подгответе се за долги редици на граничните премини со ЕУ, од петок стартува новиот систем
-

Студентите албанци на протест: Бараат полагање на правосуден испит и на албански јазик
