Потпишан Проткол за соработка меѓу УКИМ и Универзитетот во Тирана
Делегација предводена од министерот за образование и наука на Република Македонија Абдилаќим Адеми престојува во дводневна официјална посета на Република Албанија.
Ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Велимир Стојковски, кој е во делегацијата, денеска со ректорот на Универзитетот во Тирана, Дори Куле потпишаа Протокол за соработка во областа на високото образование.
Фокусот на договорот, соопштија од Министерството за образование и наука, е ставен на зајакнување на досегашната соработка и на поттикнување на научно-истражувачката дејност. За да се постигнат овие цели, како што се наведува, ќе се обезбеди поддршка за обука и усовршување на академскиот кадар.
Министерот Адеми истакнал дека со потпишувањето на Протоколот ќе се продлабочи досегашната соработка во областа на високото образование меѓу двете земји.
Двете страни ќе ги користат знаењата и искуствата едни од други со цел да се обезбедат решенија за научно-истражувачките проблеми од заеднички интерес. Исто така, двете страни ќе разменуваат академски кадар, ќе ја поддржат размената на научно-истражувачкиот кадар и на студенти во областите од заеднички интерес, посочил Адеми.
Во Протоколот стои дека ќе се разменуваат книги, публикации и образовен материјал за обука за истражувачки цели, како и дека ќе се поттикнува и поддржува заедничката истражувачка работа во областите од заемен интерес.
Исто така, двата универзитета се договориле дека трошоците за престој на студентите и на научно-истражувачкиот кадар ќе ги обезбеди универзитетот домаќин. Протоколот за соработка меѓу УКИМ и Универзитетот во Тирана има важност од пет години.
Ново на Сител
-
Штипјанка пронашла делови од човечко тело за кои претпоставува дека се на нејзината мајка
-
Почина маж по пад од дрво, приведена неговата невенчана сопруга
-
АА: Братството со Србија го откри вистинското лице на оваа Влада
-
Ердоган: Нетанјаху ќе биде запрен како Хитлер
-
Царинската управа ќе работи на воспоставување на нов граничен премин Клепало
-
Музиката може да поттикне побрз раст и развој на растенијата
-
Јаневска: До крајот на мандатот услови за едносменска настава во сите училишта и ангажирање на 3000 вишок наставници
-
Фудбалски тим од третата грчка лига останал без опремата додека со траект патувал од Крит за Атина