Македонија
13. March 2025 - 12:14

Распишана потерница по 43 годишен кумановец, при претрес во домот била пронајдена дрога

На 12.03.2025 во периодот од 07.15 до 08.15 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово, со судска наредба, извршиле претрес во домот на И.А.(43) од Куманово, кој не бил во домот. 

При претресот биле пронајдени прашкаста материја, жолта густа материја, игли и таблети, а по И.А. била распишана потерница за негово пронаоѓање. 

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.