Loading Video...
Фудбал
27. February 2025 - 16:46

ФФМ призна дека ФК Силекс е елиминиран од судиите

Денеска во јавноста излезе еден памфлет од страна на ФФМ кој што требаше да има форма на демант, не разбравме кого демантираат, формално го демантираат ФК Силекс и некакво негово соопштение, иако ФК Силекс нема соопштение и ФК Силекс досега јавно не сме виделе дека реагира на тоа што беше драстично оштетен на два натпревари. Значи ФФМ демантира нешто што не постои, а всушност се демантира себе си во самото писание бидејки во него признаваат дека голот на Вардар против Силекс е офсајд и дека Силекс е неоправдано елиминиран од Купот на Македонија.

Силекс е елиминиран ама според ФФМ тоа било затоа што фудбалот е динамична игра. Силекс не е елиминиран заради срамното судење, Силекс не е елиминиран затоа што судеше тотален анонимус од судија, Силекс не е елиминиран затоа што прими гол од офсајд, туку бил елиминиран затоа што фудбалот е динамичннна игра, така мисли ФФМ.

ФФМ смета дека срамните судења против ФК Силекс се оправдани затоа што порано му помагале судии на Силекс, колку ова лудо звучи, порано му помагаа судии на ФК Силекс и затоа сега кога судиите судат против него треба да ќути и трпи! Ова го пишуваат сегашните официјални лица од ФФМ, замислете.

Писателите на писанието ревносно го бранат претседателот Омерагич, иако Сител не го нападна Омерагич, напротив констатираше дека времето ќе покаже дали тој знаел за режиите на комесарот Јосип Бартон, дали е свесен за тенденциозното судење на многу натпревари во пролетниот дел на Македонската Фудбалска Лига, дали му ги пренесуваат многубројните жалби на клубовите од Првата и Втората Македонска лига.

Истовремено со оваа писание излезе брутално соопштение од ФК Вардар со кое се напаѓа ФК Силекс, иако ниту ФК Силекс, ниту пак Сител не го спомнаа Вардар. Ова е сериозна потврда дека ФФМ и ФК Вардар во иста тиква дуваат. Само за потсетување за судењето против Вардар не се жали само Силекс, уште во првото коло Шкендија реагираше за срамно судење против Вардар, некако работите полека се откриваат, скандалите се множат а фудбалот страда.

Сител Телевизија како најгледан медиум во Македонија има општествена одговорност да ги следи сите девијантни состојби во општеството, фудбалот како најпопуларен спорт заслужува посебна перцепција во однос на детектирање на криминалните состојби, затоа со внимание ќе ги следиме сите пролетни натпревари на екипите од Првата и Втората Македонска лига и ќе ве известуваме за сите скандали кои ќе се случуваат.