Дебранец узурпирал земјиште и противправно се стекнал со имотна корист од над четири милиони денари

Одделението за внатрешни работи во Дебар денеска поднесе кривична пријава против дебранец поради узурпација на недвижности, со што противправно се стекнал со имотна корист во износ од 4.722.300 денари.
- Кривична пријава е поднесена против Г.Г.(59) од Дебар, кој на катастарска парцела во дебарската населба „Венец“, неовластено присвоил државно градежно земјиште во вкупна површина од 2385 метри квадратни и поставил бодликава жица и дрвени колци во висина од еден метар, информираше денеска Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Ова е втора кривична пријава во последните неколку дена поднесена под истите сомненија. Претходно, кривична пријава беше поднесна против Р.К.(47) од Дебар за „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење. Тој на катастарска парцела на улица „Елена Ѓика“ извршил доградба на деловен простор без одобрение за доградба, што е спротивно на Законот за градење.
Ново на Сител
-

Без пробив за мир во Украина по средбата на Трамп со Зеленски во Флорида
-

Нова слаломска победа за Шифрин
-

Пораз на македонските ракометари на контролата со Хрватска
-

Со сослушување на сведоци продолжува судењето за „Пулс“
-

Премиерот Мицкоски во посета на Клиниката за гинекологија и акушерство
-

Собранието треба да го донесе новиот Закон за Судскиот совет
-

Сончево и студено време со мала до умерена облачност
-

Зеленски: Се надевам дека разговорите ќе донесат мир што е можно побрзо
