Македонија
25. February 2025 - 12:20
Меџити: Нема никаков скандал
А вицепремиерот Меџити и утрово ги отфрли обвинувањата. Рече дека станува збор за редовна контрола на управниот инспекторат кој утврдил неправилности кои во архивското работење биле пракса во последните десетина години. Како што објасни Меџити, на ист начин се водела документацијата и во мандатите на сите претходни министри. Според него, СДСМ само ја продолжува приказната на ДУИ за кои рече дека немаат друг начин политички да се факторизираат.
-->
-->