Македонија
25. February 2025 - 12:19

Маркетите ќе бидат должни цените да ги објавуваат на интернет

Владејчакото мнозинство во Собранието ја почна процедурата за измени на законот за потрошувачи со кои ќе ги обврзе големите ланци на маркети на своите веб страни дневно да ги ажурираат цените на производите. На тој начин, како што смета мнозинството ќе им се овозможи на граѓаните подобар увид во цените и евентуалните разлики меѓу нив. Законот денеска ја помина матичната комисија.