Нема нови случаи со шуга во училиштето во кумановско - ИЈЗ бележи зголемен број заболени од ова заразно заболување
По пријавата за заразен ученик со шуга во основно училиште во кумановско Романовце, по направените епидемиолошки анкети не се регистрирани нови случаи. Од Центарот за јавно здравје Куманово информираат дека викендот била направена дезинфекција во училиштето и го зголемиле нивото на хигиена за да се спречи ширење на заразата. Состојбата будно ја следи и Институтот за јавно здравје.
-Информациите кои ги доби ИЈЗ е дека епидмеиолог од ЦЈЗ Куманово има направено епидемиолошки анкети на сите ученици кои не се на настава и било констатирано дека само кај едно лице е дијагностицирана шуга, сите останати деца кои не биле на настава од друга причина биле отсустни, изјави д-р Марија Андоновска, директор на ИЈЗ.
Но, податоците на ИЈЗ покажуваат дека шугата станува се поприсутна во земјава и е меѓу најчестите заразни заболувања пријавени минатата година. Во 2024-та имало близу 500 случаи.
-Што е за 48.5 проценти зголемување во однос на десет годишниот просек, вели директорката на ИЈЗ.
Силното чешање е најкарактеристичлен симптом за шуга кое е најинтензиво ноќе и може да се јави 4-6 недели по инфекцијата. Промените на кожата се најчесто застапени помеѓу прстите на рацете и нозете, на лактите, под пазувите на препоните. Третманот е едноставен со креми и лекови, но бара внимание и подобрување на хигиената.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар