Под лажен идентитет уапсен наркобос од Македонија на аеродромот во Женева
Швајцарскиот портал „Блик“ објави дека 30-годишен Македонец, осомничен дека е водач на наркомафија што дејствува низ средна Европа, бил уапсен на аеродромот во Женева на 29-ти јануари, по што бил екстрадиран во Австрија.
Според австриските истражни органи, уапсениот бил баран со европска потерница од 2022 година, под сомнение дека организирал шверц на најмалку четири килограми хероин и 1,5 килограми метамфетамин. Јавното обвинителство во Линц го смета за клучен член на регионална мрежа за дистрибуција на дрога.
Македонскиот наркобос, чиј идентитет не е објавен, долетал од Приштина и имал нови документи направени во Македонија, со сменето име. Но, швајцарските гранични власти успеале да го идентификуваат според лицето, препознавајќи го од потерница.
Осомничениот наркобос бил експресно испорачан во Австрија, а заедно со него биле уапсени уште неколкумина поврзани луѓе, пишува швајцарскиот портал.
Ново на Сител
-
Бела куќа: Илон Маск е советник на Трамп, не го води тимот за ефикасност на владата
-
Насекаде минусни температури, над нулата само во Демир Капија и Гевгелија
-
Специјалното обвинителство бара судот да му нареди на Курти да сведочи за државните резерви
-
Трамп мисли дека има моќ да ја заврши војната - најверојатно ќе се сретне со Путин до крајот на месецот
-
Стопанската комора на трговци на големо и мало со реакција на владините одлуки за ограничување на маржите
-
Уставен ќе расправа по иницијатива за оценување на стажот на обвинителите во периодот на нивното членување во Советот на јавни обвинители
-
Трамп ќе воведе царини од 25 отсто за автомобили, лекови и чипови
-
Нова иницијатива на Макрон: Париз денеска домаќин на уште еден состанок за Украина