Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови
На Попова Шапка утрово се измерени - 5 степени Целзиусови, а 4 во Гевгелија. Најмногу снег со 54 сантиметри има во Маврови Анови, додека за изминатите 24 часа до 07 часот најмногу дожд 12 литри на метар квадратени во Крива Паланка.
УХМР соопшти дека се измерени -4 степени во Маврови Анови и Крушево, -1 Претор и Виница, 0 Тетово, Штип, Куманово, Охрид, Битола, Прилеп, Берово и Крива Паланка, 1 степен Демир Капија, Скопје-Петровец и Струмица.
До 07 часот утрово во Демир Капија дожд 11 литри на метар квадратен, 12 Крива Паланка, 11 Демир Капија, 10 Виница, 8 Крушево, 7 Битола, Прилеп, 5 Струмица, Берово, Штип, 1 Скопје – Петровец, Претор, Куманово и Тетово.
Висината на снежната покривка е 43 сантиметри на Попова Шапка, 15 Тетово, Крушево и 10 во Гостивар.
Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени локални врнежи од дожд во делови од Повардарието и од снег во повеќе останати делови од земјата а особено на северозападот и на северот. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 km/h.
Максималната температура ќе достигне од 1 до 6 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно и студено од изутрина во делови од регионот со повремен снег кој во средината на денот ќе преминува во повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе достигне до 5 степени.
Ново на Сител
-
Осум министерства, Заводот за статистика и Државниот архив утре на протест
-
Украл куче па бегајќи го удрил сопственикот со возило
-
Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција
-
Меџити: Имаме забелешки за работата на Илире Даути, но не поддржуваме иницијативи од Левица
-
Даути: Изгласаната интерпелација според заклучокот значи мое разрешување или дејствување под диктат на Левица и ВМРО-ДПМНЕ
-
Силен земјотрес со јачина од 6,9 степени го погоди југозападниот дел на Јапонија
-
Поскапуваат бензините и дизелот
-
Германија пријави нелегални летови со дронови над воената база