Богата програма за Нова Година во Охрид
Поп дивата Каролина Гочева, македонската фолк ѕвезда Наум Петрески, миленикот на младата публика Пајак се само дел од музичките имиња кои бројните туристи и охриѓани ќе ги забавуваат на градскиот плоштад во пресрет на дочекот на Новата година во Охрид.
Новогодишната програма оваа година го вклучува и проектот „Охридска новогодишна приказна“ кој ќе започне на 24-ти декември и има 20 забавни настани посветени на најмладите.
Дополнително два Новогодишни базари во градот ќе ја збогатуваат понудата за празниците.
Туристичкиет работници сметаат дека богатата забавна понуда е од особено значење за привлекување туристи.
Инаку според најавите градот ке биде полн со гости од нашето соседство и домашните со најголем акцент на оние од Србија и Црна Гора се очекуваат околу 15 илјади туристи оваа Нова година.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар