Македонија
10. December 2024 - 10:37

ДУИ ја почитува одлуката на Стејт Департментот

Утринава ДУИ испрати соопштение во кое се огласува за одлуката на Стејт Департментот со која Артан Груби и Енвер Беџети завршија на ,,црната листа'' на САД.

- Демократската Унија за Интеграција ја почитува одлуката на Стејт Департментот на САД.

Како партија, остануваме посветени на стратешката соработка со Соединетите Американски Држави и на зајакнување на демократските вредности и транспарентноста, стои во краткото соопштение испратено до медиумите.