Словенија бара 5.000 работници од Македонија
Словенија бара над 5,000 работници од Македонија.Доктори, сестри, негователки, градежници, возачи на камиони се на врвот на листата најбарани професии. Покрај почетната просечната плата од 1.500 евра, нудат и други поволности за да привлечат кадар.
- Им наоѓаме стан, го опремуваме, им плаќаме кирија, им плаќаме курс, затоа што мора во рок од една година да науичат словенечки јази, Б1 за пишување и Ц2 усно, изјави Хелена Блаждин Вошнар.
Словенците се задоволни со искуството кое до сега го имале .Македонците биле вредни и трудољубиви, полни со знаење.Затоа по втор пат организараат саем за вработување во земјава.
Минатата година издадовме 4,400 работни дозволи за работници од Северна Македонија, а оваа година за 10 месеци 3,600. Имаме потреба од кадар, и затоа дозволите постојано растат. Минималната плата во
Овде се присутни над 22 работодавачи кои бараат над 5,000 работници. Секоај година во Заводот з авработување работодавачите ну варатаат 150,000 работници. Затоа сме овде, да им помогнеме и нив и на економијата на нашата земја,- изјави Санди Мекеи.
За невработените пак, или оние кои сакаат да ја напуштат земјата ова е добра можнот за посветла иднинa.
Додека Словенија бара кадар од Македонија и нашата земја се соочува со недостиг. Во моментов фалат над 10,000 работници. Дел од нив се пополнуваат со лица од Непал, Индија и Филипини, иако поголем дел од нив кај нас гледаат само на транзит земја за влез во Европа.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар