Македонија
27. November 2024 - 16:34

Желба на Дурмиши е минималец од 600 евра, ССМ бара 450 евра

Желба на министерот Дурмиши е минималец од 600 евра, Синдикатот ги бара 450 те. Колку ќе се договорот на социоекономскиот совет и за колку ќе се зголеми минималата плата, ќе зависи дали има пари од буџетот за платите во  јавниот, но и согласноста на газдите во приватниот сектор. 

Законски, со усогласувањето во март, работниците треба да добијат од 1,600 до 1,800 денари повеќе или минималецот би изнесувал 400 евра.

- Во Буџетот за 2025 година веќе е предвидена сумата за законското зголемување на минималецот во март. Би сакал наместо бараните 450 евра, да им дадеме на работниците и 600 евра, но мора да ги усогласиме ставовите со работодавачите и Синдикатот. Законското усогласување предвидено за март ќе донесе зголемување на најниската плата за околу 2.000 денари. Ќе разговараме, ќе видиме до каде може да ја „растегнеме чергата“ – изјави Бесар Дурмиши, министер за економија

Аргументите за згоелмување на минималецот, се на страната на Синдикатот, вели претседателот Трендафилов. Цените постојано растат, животот станува прескап, со платите едвај се преживува. Затоа бараат најмалку 50 евра повеќе од она што законски им следи.

Работодавачите кои со години ги држат работници на најниското ниво, треба да сфатат дека нивниот најголем пораз е заминувањето на наште сограѓани, кои наместо дома, ја градат својата иднина во туѓина. Многу се измамија ако мислеа дека со увоз на странска сила ќе го надоместат се попразниот бунар на работна сила во Македонија. Напротив, земјава се претвори во најголема туристичка агенција за странците, кои преку нас си го бараат чарето во странство, изјави Слободан Трендафилов, престедател на ССМ

Од 690 илади вработени во земјава, 37 илјади земаат плата под или до минималната. За полесно да го истуркаат месецот, владата ја подготвува новогодишната кошничка, каде над 600 производи ќе се продават со органичени маржи за 10 отсто.