Македонија
21. November 2024 - 19:45

Македонскиот јазик е на удар на соседите и со тоа е загрозен пристапниот процес во ЕУ

Оспорувањето на македонскиот јазик од соседите го загрозува евроинтегративниот пат на земјава сметаат академиците. Јазикот како културен феномен се префрла во дневната политика и станува предмет на нецивилизирано однесување и агресија оценува академската фела. Доколку Унијата посакува да сме нејзина членка и навистина е за обединување на различностите ќе мора да ги признае македонскиот јазик и култура.

Негирањето на јазикот според фелата, претставува форма на насилство и предизвикува колективна траума кај народот.

Професорите дадоа и примери на бугарски политичари кои со злоупотреба на слободата на говор предизвикале несигурност кај македонскиот народ. Академската фела смета дека државата има претрпено голема штета по Преспанскиот договор и апелираат до властите да бидат многу внимателни во преговорите со Бугарија.