Македонија
18. November 2024 - 20:08

15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти

15 - годишник од Скопје со нож сериозно повредил двајца малолетници, во два одвоени инциденти.

Како што соопшти обвинителството, 15 - годишното момче од Скопје на 25 минатиот месец заедно со други непознати лица започнале разговор со малолетник, но набрзо без особен повод почнале да го удираат со тврди предмети. Потоа осомничето дете извадило нож и ја прободело првата жртва во натколеницата. Вториот напад го извршил во средата во автобус на ЈСП, каде повторно со нож прободел врсник.

-На 13 ноември, во автобус на ЈСП Скопје, тој, во група со уште три непознати лица, извршил грубо насилство и нанел телесна повреда – убоди со нож во главата на 15-годишник, со што кај останатите патници предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв, се наведува во соопштението од Основното јавно обвинителство.

Јавниот обвинител до судијата за деца достави  предлог за определување мерка притвор за 15 –годишникот во судир со законот.