ДУИ бара предвремени избори
Опозициската ДУИ останува на барањето за предвремени парламентарни избори заедно со локалните идната есен. Од партијата утрово преку писмено соопштение велат дека изборите се демократска алатка со која се дава можност сите страни да ја потврдат довербата од граѓаните.
Ние сме подготвени да се соочиме со гласачите и да се вклучиме во транспарентен процес кој ја рефлектира волјата на секој граѓанин. Во вакви времиња, граѓаните заслужуваат лидери кои не ги избегнуваат предизвиците на демократијата, туку ги прифаќаат со отворено срце, порачуваат од ДУИ во своето соопштение.
Премиерот Мицкоски вчера порача дека избори за неговата партија не се проблем и дека е подготвен веднаш да излезе на гласање. Сепак, како што рече, тоа не е желба на граѓаните, а локалните избори ќе бидат можност да се провери довербата. Како што рече Мицкоски, доколку опозицијата има подобар резултат, веднаш ќе побара предвремени парламентарни избори.
Сличен став делат и останатите коалициони партнери во Владата.
Ново на Сител
-
Прекината блокадата на кочанската депонија
-
Саат на Џон Ленон вратен кај Јоко Оно по судски спор
-
На 101 година почина јапонската принцеза Јурико Такаги
-
Во Хрватска уапсен министерот за здравство Вили Берош
-
Тошковски: Дозволи за оружје се делеле незаконито, отказ за 15 високи полициски функционери
-
Доживеал паничен напад, сведокот Гоце Трајковски не се појави на судењето за Вања и Панче
-
Трамп вети силна војска и крај на војните
-
Најмалку 10 загинати во пожар во дом за стари лица во Шпанија