Македонија
14. November 2024 - 16:32

Мицкоски: Ако ги изгубиме локалните веднаш ќе одиме на предвремени избори

Ако СДСМ и ДУИ освојат повеќе градоначалници од нас, веднаш после локалните ќе закажаеме предвремени парламентарни избори. Премиерот вели дека е подготвен за избори веднаш но дека тоа не е она што го сакаат граѓаните.

Но интегративците не се откажуваат. Партискиот лидер вчера на митинг од Кичево рече дека очекува предвремени избори заедно со локалните на есен идната година.

Во ВРЕДИ немаат проблем да излезат на нови избори, но сметаат дека и тоа нема да ги задоволи желбите на Ахмети.

Темата за предвремени избори се враќа на политичката сцена во време на засилен оптимизам дека идејата за уставни измени со одложено дејство може да резултира со деблокада на евроинтегративниот процес а премиерот најави дека тоа може да се случи уште пред крајот на годинава.