Во Општина Велес годинава инспекторите за храна не поднеле ниту една прекршочна или кривична пријава против операторите со храна

Вкупно 1015 контроли на територијата на Општина Велес спровеле годинава ветеринарите и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Од нив, 369 контроли биле спроведени кај оператори со храна од неживотинско потекло и 646 кај оператори со храна од животинско потекло.
Од вкупниот број спроведени контроли годинава во Општина Велес, 205 биле редовни, 44 контролни и 66 вонредни инспекциски контроли.
Како што информираат за МИА од Агенцијата за храна и ветеринарство, од почетокот на годинава досега, во Велес ветеринарите и инспекторите за храна не изрекле мерки едукација, ниту поднеле прекршочни или кривични пријави против операторите со храна кои биле контролирани. Не е евидентирано ниту уништување на небезбедна храна.
Изречени се вкупно 31 инспекциска мерка односно издадени се решенија за отстранување на утврдените недоследности од помал обем со контролите, кои кај операторите со храна се однесувале на непоседување на санитарни книшки за вработените, незавршен курс по хигиена, нецелосно почитување на правилата за добра производствена и хигиенска пракса, неажурно водење на записи и сл.
Ново на Сител
-

МВР: Во тек е полициска акција во повеќе градови во државата за сузбивање трговија со дрога
-

Македонија првпат добива нови електрични еколошки автобуси
-

Дејан Јованов излегува од притвор
-

По скандалот со Македониумот, директорот на Историскиот музеј во Крушево поднесе оставка
-

Пуштен е во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“, 1.150 студенти добиваат современи услови за живот и студирање
-

A1 Групацијата го забрзува ICT растот: Вештачката интелегенција и Cloud во центарот на дигиталната трансформација
-

Пожар во стан во Скопје, 11-годишно девојче пренесено во болница
-

Силувал малолетничка, ја демнел и барал експлицитни фотографии од неа - приведен 17-годишен скопјанец
