Поведена постапка и предложен притвор за учесниците во тепачката со пукање во Чаир
По поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против три лица во врска со оружениот инцидент кој се случи на 14 октомври на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Чаир, Основното јавно обвинителство Скопје за нив поведе постапка за кривично дело „учество во тепачка“ од член 132 став 1 од Кривичниот законик.
Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, за двајца од нив надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор до Основниот кривичен суд Скопје, додека еден осомничен во моментов е во бегство и е недостапен на органите на прогонот.
-За уште едно лице, четврти учесник во инцидентот, за кое постојат првични сознанија дека со акт на оружено насилство предизвикал тешка телесна повреда – прострелна рана кај оштетениот, во тек е постапка за прибирање докази. Тој осомничен во моментот е на издржување затворска казна за друго дело во КПУ „Идризово“, се наведува во соопштението од Обвинителството.
Ново на Сител
-
Загина градежен работник во Гевгелија
-
УЕФА ја казни Легија поради однесувањето на навивачите на мечот со Динамо Минск
-
Традиционална донаторска акција во Веро: Заокружи сметка за весели празници на децата од СОС Детско село
-
Елтон Џон со сѐ послаб вид, не можел да ја проследи претставата „Ѓаволот носи Прада“
-
На готвач му украле комбе со 2.500 пити, тој повика да ги даруваат на гладни и изнемоштени лица
-
Манчестер јунајтед заинтересиран за Јилдиз
-
Европол: Разбиен синџир за трговија со дрога, запленети 5,8 тони кокаин
-
Градоначалникот на Белград најавува повлекување од политиката