Loading Video...
Свет
3. October 2024 - 19:45

Преглед на вестите од светот

Новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, денеска ја посети Украина, каде се сретна со претседателот на таа земја, Володимир Зеленски. Злеенски истакна дека со Руте разговарале  за ситуацијата на фронтот, како и за украинскиот „план за победа“ пред состанокот на НАТО во базата Рамштајн во Германија следната недела.  . Инаку  Ова е прва официјална посета на Руте на Украина откако во вторникот ја презеде функцијата шеф на Алијансата

Најмалку девет лица загинаа во пожар што изби во болница во јужен Тајван, во момент кога осторовот се соочува со силниот тајфун „Кратон“ кој удри на копното носејќи поројни  дождови и ветрови. Невремето допоплнително ја отежна спасувачката акција на пожарникарите и евакуацијата на останатите пациенти.  Поради поплавените улици и тешките временски услови, сообраќајот во земјата е отежнат, а сите домашни и меѓународни летови откажани.

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се суспендираат кривичните постапки против поединци кои се повикани на воена служба или склучуваат договор со Министерството за одбрана да служат во вооружените сили.

Овој потег им овозможува на обвинетите, дури и на оние кои веќе се на суд или на обжалена пресуда, да избегнат гонење со тоа што ќе се приклучат на војската.

Законот претставува уште еден чекор во обидите на Русија да ја зголеми својата воена сила без прибегнување кон политички чувствителната опција за масовна мобилизација.