Македонија
30. September 2024 - 16:37

Се стопираат огласите со „Балансерот“ критериумите - Министерство за администрација издаде насоки до институциите

До конечната одлука на Уставен за алатката балансер, Министерството издаде насоки до институциите да ги прекинат огласите за вработување. Според ова соопштение со потпис од министерот Горан Минчев, се даваат насоки сите актуелни огласи за администрација да бидат поништени во еден од условите е етничката припадност на кандидатот. Ова не важи за останатите каде не се бара етникум.  

 Веќе започнатата постапка за вработување во институциите од јавниот сектор продолжува, ако јавниот оглас за вработување во институција од јавниот сектор не е изготвен согласно актите односно одредбите кои се опфатени во точка 1 од Решението на Уставниот суд (т.е. во јавниот оглас не се наведува припадност на заедница ниту пак кандидатот се обврзува во пријавата да истакне припадност на заедница).

Овие насоки следат по одлуката на Уставен за замрзнување на алатката балансер се до донесување на конечна одлука. Уставните судии изразија сомнеж дали со наведувањето на припадноста на заедница на кандидатите се нарушува начелото на стручност и компетентност и се повредува уставното право на работа и слободен избор на вработување. Претседателот нагласи дека апсолутно не зборуваат за укинување на нечии права и дека според него оваа афирмативна мерка ја има исполнето својата цел и оти само мерит системот и компетентноста треба да се единствен критериум за вработување и унапредување.

По насоките испратени од Министерството, реагираа поранешни функционери од ДУИ. Екс министерот Бектеши  оцени дека се работи за нов скандал со кој се укинува балансерот.

 По времената мерка донесена од Уставниот суд, коалициониот партнер во владата ВРЕДИ смирува и најавува  дека Владата подготвува нов закон за правична застапеност. Премиерот рече дека таков закон нема, а од ВМРО ДПМНЕ пак  упатија на собраниската комисија за правична застапеност која е  формирана по  предлог на ДУИ.

Инаку Иницијативата до Уставен ја поднесе Антикорупциска комисија која побара преиспитување на алатката балансер бидејќи тие сметаат дека на овој начин се прават злоупотреби при вработувањата.