-->
-->
Убедлива победа на македонските фудбалски надежи над Црна Гора
-->
Младата репрезентација на Македонија до 16 години (фудбалери родени 2000 година) славеше убедлива победа со 7:0 над нивните врсници од Црна Гора.
На првиот од двата контролни натпревари на теренот од тренинг центарот „Петар Милошевски“ младите македонски фудбалери доминираа во текот на целиот меч. Избраниците на селекторот Добринко Илиевски прашањето на победникот го решија уште во првото полувреме во кое постигнаа три гола.
Дејан Кулушевски постигна дури четири од седумте погодоци за црвено-жолтите, а во листата на стрелците се запишаа и: Никола Спасов, Бојан Колевски и Емир Скендери.
Вториот натпревар овие две селекции ќе го одиграат во четврток (10 март) со почеток од 11 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Папата повеќе не е во непосредна опасност, но останува во болница
-
Пожар меѓу селата Моштица и Саса
-
Ѓорческа успешно ги мина квалификациите на турнирот во Унгарија
-
Пронајден починат маж во Свети Николе во куќа каде неовластено живеел
-
Возач во Аеродром удрил 15-годишно девојче и побегнал
-
Судски совет за в.д. претседател на Врховен суд го определи судијата Џемали Саити
-
ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите
-
Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката кај Битола