Македонија
20. September 2024 - 16:34

По изготвување на Буџетот повисоки плати во образованието и здравството

Ќе има покачување на платите за наставниците во основните и средните училишта најави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска од Охрид .Таа порача дека стои зад најавите за вработените во образованието но најнапред треба да биде изготвен буџетот додавајќи дека ќе се обезбедат средства и за зголемување на платите во здравството.

Околу лиценците за организирање игри на среќа преку Интернет, министерката подвлече дека Министерството за финансии нема издадено ниту една лиценца, дека ниту една компанија во државата нема лиценца за организирање игри на среќа преку Интернет, вклучително и Државната лотарија.

На 23-та по ред Годишна конференција на Македонската берза што се одржува во Охрид Димитриеска-Кочоска во однос на обвинувањата на опозицијата за предвидениот заем на средства од Унгарија, дека наводно со тие средства ќе биде зголемено задолжувањето на државата, посочи дека се работи за истите средства од 500 милиони евра кои биле планирани и од страна на сега опозициската партија.