Loading Video...
Свет
19. September 2024 - 16:32

Преглед на вестите од светот

Израелската војска објави дека  од воздух нападнале  7 локации на Хезболах во Јужен Либан, а во истовремено ја премести 98-та  дивизија на северната граница со Либан , каде што од почетокот на војната во појасот Газа, Израел разменува оган со либанската милитантнмата група. . 98 дивизија до неодамна  се бореше во Газа.

„Имаме многу способности кои сè уште не сме ги активирале. видовме некои од овие работи, ми се чини дека сме добро подготвени. правилото е дека секој пат кога работиме во одредена фаза, следните две фази се подготвени за напредување. во секоја фаза, цената за хезболах треба да биде висока“, изјави генерал-полковник херзи халеви, началник на генералштабот на израелската одбрана.

Израел  се уште  ниту ја потврди ниту ја негираше својата вмешаност во експлозииите на стотици комуникациски  уреди на Хезболах во изминатите два дена, а во кои загинаа повеќе од 20 лица. По Хезболах и Иран, и Труција го обивни Тел Авив за експлозииите.  Гледаме дека Израел чекор по чекор ги засилува своите напади врз Либан. Сака да ја прошири војната од Газа во Либан изјави шефот на турската дипломатија Хакан Фидан. По напдите врз комуникациските уреди на Хезболах,  Генералниот секретар на ООН, Гутереш, предупреди на сериозен ризик од драматична ескалација на конфликтот помеѓу Израел и Хезболах во Либан. За утре свика итен состанок на Советот за Безбедност.  Од Белата куќа порачаа  дека остануваат вклучена во интензивните дипломатски напори за спречување на ескалација на конфликтот  помеѓу Израел и Хезболах .

 

Цилонот Борис ја зафати  Италија. Најмногу погодени се регионите Емилија Ромања и Марке.  Силните доджови за кратко време  предизвикаа поплави и свечишта..  Повеќе од 1000 луѓуе се евакуирани, цели наслеби се потопени, училиштата  се затворени. Поплавите во Емилија Ромања во мај 2023 година однесоа 17 животи и предизвикаа штета од 8,5 милијаради долари.  Циклонот прави проблеми и во главниот град на Унгарија. Дунав  утрово се излеа од своето корито во центарот на Будимпешта. Во Будимпешта пикот се очекува в сабота, кога водата треба да се искачи на 840 сантиметри, што е 51 сантиметар под нивото на поплавата од 2013 година.