Македонија
5. September 2024 - 16:48

Инспекторите на терен, дел од книжарниците продаваат по стари цени

Тетратка 100 денари, фломастери 390, пластелин 110.. Најголем дел од книжарниците се уште продаваат по стари цени и покрај владината одлука за ограничување на маржите, со кој се очекуваше поевтинување на училишниот пробор. Граѓаните збунети – дел не ни ги погладнале цените, дел велат дека се поскапени. 

Државниот Пазарен Инспекторат од денеска на терен. Ќе проверува низ цела држава дали се почитува мерката. Казните за прекршителите се високи – од 800 до 10,000 евра, во зависност од големината на субјектот.

Од Пазараниот инспекторат ги повикуваат граѓаните – доколку забележат дека се уште цените на училишниот прибор не се намалени, да пријават.

А дел од книжарниците веќе почнаа да лепат нови, намалени цени. Велат дека ќе им треба време да ги внесат сите производи во системот. Највеното поевтинување може да се очекува дури од вторник. 

Од Министерството за економиија пак, аплерираат – мерката е за да се заштити стандардот на граѓаните и мора да се почитуива. Но, сметаат дека преоден период мора да има

Колку контроли и казни ќе изрече Пазарна – ќе соопштат утре. Во меѓувреме контролите на терен продолжуваат.