Ќе се менуваат кадрите во историските комисии со Бугарија и Грција
Ќе се менуваат кадрите и во историската комисија со Бугарија и во комисијата со Грција, но Владата ќе остави и некои од старите кадри, за како што велат да се задржи континуитетот. Кој ќе биде дел од новиот состав на комисиите, министерот Муцунски не откри- во следниот период ќе ги кажеле имињата.
Иако претходно премиерот Мицкоски за промената на историчарите како причина наведе дека недоволно ги штителе и се залагале за македонските национални интереси, денеска министерот Муцунски не сакаше јавно да ги соопшти забелешките од работата на комисиите поради специфичноста на работата. Но вели разочаран е што дел од историчарите алудирајќи на претседателот на историската комисија со Бугарија, политички се профилираат, што им штети на интересите на државата.
Претходно, претседателот на историската комисија со Бугарија, Драги Георгиев за Сител кажа дека тој и неговите колеги биле навредени од односот на Власта кон нив и им се нарушува интегритетот од ширењето на неаргументирани шпекулации за нивната работа. Работата на Комисијата била блокирана кај ликот и делото на Гоце Делчев, бидејќи Бугарија не сакала да направи отстапки и да го чествува како национален херој на македонскиот народ.
Мандатот на членовите на мешовитата историска комисија со Бугарија истекува на 15 септември. Ѓоргиев истакна дека по истекот на мандатот, тој и неколку други колеги повеќе не сакаат да бидат дел од Комисијата.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар