Приватните автобуси од понеделник ќе возат само еднаш дневно
Приватните авотбуси во Скопје, од понеделник ќе возат само еднаш во денот. Не добиле пари од ЈСП, па секоја линија, ќе се вози еднаш дневно.. Редуцираниоит сообраќај велат нема поврзаност со стартот на шкослката година и поголемата циркулација на патници. Не можеле повеќе да издржат од свој џеб да го финансираат градскиот превоз па, наместо на улиците, возилата ќе одат на паркинг.
„Не се одлучивме на моментов за од понедленик, ние сме застанати уште од јуни. Туку, од понеделник веќе ќе ги намалиме и тие што возеа автобуси. Ќе имаме на секоја линија по еден автобус и една тура ќе извози и ќе се врати кај сите други во гаражите“, изјави Оливер Петрушевски, Претставник на приватни превозници.
Приватните превозници тврдат дека ЈСП им должи над 2 милиони евра.. Лути се и што немало корекција на цената за изминат километар.
„Сме земале пари само за јануари. Долгот ни е преголем и не можеме да издржиме да финансираме. Немаме финансии да продолжиме, ама и да продолжиме да возиме, немаме никаква заработка“, вели Петрушевски.
Раководството на ЈСП денеска е недостапно за коментар.. Нема одговор дали претпријатието во понделник ќе може да ги превезе сите патници.. Претходно се пожалија дека заради дефект, најверојатно за зимскиот возен ред ќе недостасуваат поголем број автобуси.. Со повлекувањето на приватните, на улиците ќе недостасуваат уште 100тина.
За подобрување на јавниот превоз имаше две точки на последната градска седница, но и двете не добија поддршка од советниците.. Градоначалничката предложи набавка на еко автобуси и продолжување на БРТ системот, но за двата проекти недостасуваа гласовите на советниците на ВМРО-ДПМНЕ.
Владата денеска одговори на писмото кое Арсовска вчера му го пиша на премиерот.
Наместо да нуди пари за нови автобуси, ја повикуваат градоначалничката да ги плаќа веќе набавените од нејзиниот претходник.. По најавите дека ќе понуди план за излез од кризата во која се наоѓа градот, сметаат дека сега Арсовска смислува ново алиби да ја сокрие својата неуспешност.
„План нема, а излезот го гледа во тоа друг да ги купи автобусите и друг да го исчисти градот, што е нејзина обврска и надлежност. Второ, Арсовска да ги исплати парите кон приватните превозници што им ги должи, а со чие функционирање се пополнува празнината на ЈСП во сообраќајот“, велат од владата.
Од градската управа тврдат дека автобуси во понеделник ќе има.. Обвинуваат дека одлуката била политички мотивирана..
„Лага е дека нема да возат приватните превозници. Од трите пакети со кои оперираат, нема да возат само оние чии претставници се политички мотивирани од ВМРО-ДПМНЕ да креираат дополнителен хаос за скопјани, а за кои градот Скопје отпочна постапка за надомест за штета. Со ова повторно се докажува намерата на оваа власт за предизвикување на хаос врз грбот на граѓаните на Скопје“, се вели во соопштението од Град Скопје.
Приватните превозници пак најавиа дека од понеделник на дневна основа ќе одлучуваат со колку возила ќе учествуваат во јавниот превоз.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар