Македонија
30. August 2024 - 16:38

Министерството за одбрана ќе ја продолжи набавката за 8те хеликоптери од Италија

Постапката за набавка на новите  хеликопери за АРМ ќе продолжи но треба да се обезбедат дополнителни средства. Се работи за 8 хеликоптери, хангар и обука во вредност  од 300 милиони евра. Но министерот вели за оваа набавка во тек е  постапка во ДКСК од каде се уште  чекаат информација по таа претставка. Министерот за одбрана смета дека тие хеликоптери се потребни и договорот треба да се испочитува.

Целосна проценка на се што е до сега донирано до сега на Украина  ќе бара министерот а најави дека ќе има и дополнителна помош од Македонија.

Донација за АРМ од Турција денеска  беше предадена во касарната Илинден. Дронови, средства за врски, ноќни визири и друга опрема додели турскиот амбасадор кој порача дека Турција како пријателска и сојузничка земја ќе продолжи да вложува во зајакнување на борбените капацитети на македонската армија но и на воената соработка за поголема стабилност и мир во регионот.