САД воведоа санкции за 105 руски и кинески компании поради сомнение дека и помагаат на руската војска
САД денеска додадоа 63 руски и 42 кинески компании на листата на санкции поради сомневањата дека и даваат поддршка на руската војска, јавија британските медиуми.
Санкциите, што вклучуваат и 18 правни лица од други земји, беа наметнати поради повеќе причини, вклучително и снабдување со американска електроника на субјекти поврзани со руската војска, производство на илјадници беспилотни летала „Шахед-136“, што ги користат московските сили против Украина, и други.
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден се обидува да го задржи притисокот врз компаниите што и помагаат на Русија во нејзината војна против Украина. Иако западните земји презедоа голем број мерки против Москва, постојат индиции дека руската воена индустрија продолжува да се стекнува со американска технологија, чија употреба е ограничена, забележуваат британските медиуми.
Ново на Сител
-
Несими останува тетовски муфтија
-
Врховната Рада на Украина усвои закон за воена служба по договор за странци
-
ЛШ: Интер без Димарко и Арнаутовиќ против Манчестер Сити
-
Хезболах го обвинува Израел за експлозиите во Либан, расте бројот на загинати
-
Функционерските таблички во различна боја
-
Осум загинати, 2.750 повредени по експлозиите на пејџери низ Либан
-
Османи: Барањата на Вучиќ не треба да се сфатат сериозно, тој не сака Србите да се вратат во косовските институции
-
Петковиќ: Бислими одби трилатерална средба во Брисел