Свет
14. August 2024 - 7:56

ЕУ ќе исплати 4,2 милијарди евра помош на Украина

Европската Унија ќе исплати речиси 4,2 милијарди евра помош на Украина, соопшти претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

На социјалната мрежа „Икс“, таа посочи дека ова е дел од пакетот помош за Украина, кој изнесува 50 милијарди евра.

Според Фон дер Лајен, целта на оваа помош е да се поддржи украинската држава во текот на нејзината борба за опстанок.

Таа потсети дека ЕУ, заедно со земјите-членки, досега обезбедила речиси 114 милијарди евра од почетокот на руската агресија.

„Европа цврсто стои зад Украина“, порача Фон дер Лајен.

Земјите членки на ЕУ во февруари го одобрија пакетот помош за Украина вреден 50 милијарди евра