Македонија
13. August 2024 - 19:42

23 години Охридски рамковен договор, договорот е за граѓаните не за една партија да биде на власт

Ниту еден од потписниците на Охридскиот договор не беше среќен со него, но тој во 2001 го донесе она што беше најпотребно за граѓаните – мирот.  23 години подоцна, дел политички елити поинаку го сфаќааt Рамковниот договор и долго време етничките теми ги злоупотребија за свои интереси. Ова е пораката што ја испрати премиерот Мицкоски на свечената владина седница за одбележување на Охридскиот договор.

Децентрализаицјата и решавање на проблемите и потребите на граѓаните независно од нивната етничка или религипозна припадност е тоа што ќе го прави новата влада, вети премиерот. Сличен тон за досегашнoто користење на Рамковниот договор од политичките елити испрати и првиот вицепремиер.

Меџити беше дел и од дебатата за децентрализацијата, која е еден од трите клучни столба на Охридскиот договор заедно со правото на употреба на мајчиниот јазик. Екпсертите согласни дека децентрализацијата била клучна во сите мировни договори во етничките конфликити на Блаканот, но само Рамковниот дал резултат.

Годинешното државно одбележување на Рамковниот договор ќе завши со свечен прием во Музејот на современата уметност каде домаѓин ќе е токму Меџити. Со ребалансот за овие свечености државата оддели 65 илјкади евра, сума неколкукратно помала од таа што изминативе години беше одделувана во буџетот.