Борел: ЕУ го осудува континуираното руско воено присуство во грузиските сепаратистички региони Абхазија и Јужна Осетија
Европската Унија ја повторува својата непоколеблива поддршка на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Грузија во нејзините меѓународно признати граници и останува цврсто на заложбата за мирно решение на конфликтите во земјата, се наведува во изјавата на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел по повод 16-годишнината од почетокот на Руско-грузиската војна на 7 август 2008 година.
– Ја повторуваме нашата осуда на континуираното руско воено присуство во окупираните сепаратистички региони Абхазија и Јужна Осетија, што претставува кршење на меѓународното право и на обврските на Русија според договорот од шест точки од 12 август 2008 година, посочува Борел во изјавата.
Според него, и натаму се кршат човековите права на заедниците погодени од конфликти во Грузија, со политиката на поставување граници, затворање на премини и незаконски притворања од страна на руската војска и сепаратистичките властите.
Борел потенцира дека мора да престанат ограничувањата на слободата на движење, дека е потребно да се истражат кршењата на човековите права, како и да се обезбеди правда за сите жртви.
– Остануваме целосно посветени на мирно решавање за конфликтите, вклучително и преку ангажманот на Европската Унија како копретседавач на Меѓународните дискусии во Женева (ГИД), преку работата на специјалниот претставник на ЕУ за Јужен Кавказ и кризата во Грузија и со континуираното присуство на теренот на Набљудувачката мисија на ЕУ (ЕУММ Грузија).
Ги повикуваме сите учесници во ГИД конструктивно да се вклучат во дискусиите за да се постигне целосна имплементација на договорот од шест точки од 12 август 2008 година, додава Борел во изјавата по повод 16-годишнината од почетокот на Руско-грузиската војна.
Ново на Сител
-
Македонија поразена од фаворитот Франција во Вараждин
-
Унгарија посилна од Катар, Македонија нема да игра четвртфинале
-
Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром
-
Вучиќ повика на објавување на документацијата за Железничката станица во Нови Сад која ја бара Градежниот факултет
-
Фицо: Се подготвува список на луѓе кои ќе бидат протерани од Словачка во врска со обидот за државен удар
-
Со пиштол на дијаболи повредено девојче во скопско училиште
-
Лишени од слобода двајца полициски службеници поради оддавање на службена тајна | ФОТО
-
Да нема преименување на градските улици, Сојуз на борците со отворено писмо до Касами