Четврти Меѓународен натпревар по англиски јазик „HIPPO“
Четириесеттина ученици од повеќе држави од регионот учествуваа на четвртиот Меѓународен натпревар по англиски јазик „HIPPO“ што во организација на асоцијацијата „Global Input & Global Hippo“ викендов се одржа во охридското село Лескоец.
На натпреварот учествуваа ученици на возраст меѓу 10 и 19 години од Македонија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Италија, Црна Гора, Србија и Словенија, при што беа тестирани за три јазични вештини – читање, слушање и пишување.
Учениците кои ќе се пласираат во финале имаат можност да продолжат со натпреварувањата што ќе се одржат на 14 мај во италијанското летувалиште Лидо ди Јесоло.
Натпреварот го организираа и технички го подготвија наставниците по англиски јазик при ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец, а на сите учесници им беа доделени и меѓународни сертификати за познавање англиски јазик.
„Global HIPPO“ е доброволно и непрофитно здружение кое преку организирање на вакви натпревари ја подигнува јазичната свест и значењето на изучувањето на странските јазици.
Ново на Сител
-
Биткоинот достигна вредност од 80 000 долари
-
Патот Кратово - Пробиштип непрооден за камиони поради наноси од снег
-
Скопје утринава се најде меѓу првите десет најзагадени градови во светот
-
Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Албанија, почувствуван и во Македонија
-
Во Баку почнува Самитот на ОН за климатски промени
-
Во Белград е планиран протест на српската опозиција поради трагедијата во Нови Сад
-
Трамп разговараше со Путин за брзо решавање на војната во Украина
-
Состојба на патиштата