Културно забавно пулсирање во Охрид за Илинден
Бројните концерти и фестивали привлекоа огромен број гости во Охрид
Бројните концерти, манифестации и фестивали буквално за сечиј вкус кои по традиција се нудат за продолжениот Илинденски викенд привлекоа огромен број гости во Охрид.Кафе баровите ,дискотеките ,ноќните клубови и плажите и оваа сезона „се натпреваруват“ меѓу себе кој ќе има поатрактивна понуда на пијалоци, храна и забава .Паркингот и движењето остануваат сериозен проблем за посетителите колони возила има низ центарот и плажите покрај кејот на езерото.
Продолжениот празничен викенд донесе многу туристи некои од нив ни рекоа дека се за прв пат во Охрид, други пак дека веќе неколку пати доаѓаат овде.
Овие денови има огромен број на полициски службеници и екипи од Брзата помош и Црвениот крст на најфрекветните места во градот.Според податоците на СВР Охрид во текот на ноќта регистрирано било едно нарушување на јавен ред и мир во кое учествувале 6 лица од Скопје кои се приведени и неколку проведени лица поради поседување наркотици.
Главниот туристички центар доживува кулминација на туристичкото и културно-забавно пулсирање, за илинденскиот викенд полн со гости не само од земјава туку и од странство.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар