Македонија
31. July 2024 - 16:34

Формалдехид над дозволеното нема во салите, но има во доводот на компримиран воздух кој не е во употреба

Не смее да се користи централниот довод на компримиран воздух во хируршките сали каде формалдехидот е над дозволените граници. Но во 6-те операциони сали каде на 30 мај било утврдено присуството на ова хемиско и опасно соединение, по повторените мерења од страна на ТОАРИЛУЦ анализите покажале дека е во границите на нормалните вредности. Ова информација од клиниката ја добиле во државниот трудов инспекторат кои со останатите инспекторати биле во надзор на 30 мај.

Исто така и не се врши непосредно прскање на средство за дезинфекцина инцидин фоум. Од трудовиот инспекторат велат дека контролни надзори уште не направиле поради продолжување на рокот на решенијата. 

Додека пак во Јавна здравствена установа Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар Скопје и Јавна здравствена установа Универзитетска клиника детска хирургија извршени се испитувања на хемиски штетности на приклучок на вод за компримиран воздух како и во самите простории.

Видно од стручните наоди каде се презентирани резултатите од испитување на хемиските штетности на приклучок на вод за компримиран воздух добиените вредности на формалдехид (HCHO) во операционите бр. 1, 2, 3, 4(ортопедија сали) и операционите сали бр.9 и 10 (клиника за трауматологија) добиените вредности се движат надвор од рамките на дозволените норми.

Додека пак видно од приложените стручните наоди од извршени мерења во самата просторија добиените вредности на формалдехид (HCHO) во операционите сали бр. 10(Клиника за трауматологија) операциона сала бр. 11 и 12(Детска хирургија) се движат надвор од рамките на дозволените норми. Во останатите операцини сали присутните штетности се во рамките на дозволените норми. 

Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар Скопје го извести  Државниот инспекторат за труд дека е извршено повторување на мерењето на присустvо на формалдехид во просторот на операционите сали спроведено од овластена стручна фирма за безбедност при работа при што добиените вредности на присутво на формалдехид се во границите на дозволените норми кога касетите на формалин се затворени и не се врши непосредно прскање на средство за дезинфекција indicin foam.

Воедно извршено е и повторување на  мерењето на приклучокот на вод за компримиран воздух при што вредностите на формалдехид повторно се над дозволените норми и од таа причина НЕ се користи централниот довод на компримиран воздух туку се користат мобилни компресори за воздух.

Инаку, на 29 и 30 мај 4 надлежни инспекторати и Агенцијата за лекови по налог од Инспекцискиот совет правеле заеднички надзор на хируршките клиники. 

- По добиен налог од Инспекциски совет на РСМ за заеднички инспекциски надзор со Државен инспекторат за труд, Државен инспекторат за техничка инспекција, Државен инспекторат за животна средина и Агенција за лекови и медицински средства, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, како координатор на заедничкиот инспекциски надзор изврши вонредни инспекциски надзори во хируршки клиники при Клинички центар Мајка Тереза и тоа: ЈЗУ УК за ТОАРИЛУЦ, ЈЗУ УК за неврохирургија,ЈЗУ УК за пластична и реконструктивна хирургија  ЈЗУ УК за детска хирургија, ЈЗУ УК за торакална и васкуларна хирургија, ЈЗУ УК за урологија и ЈЗУ УК за дигестивна хирургија. Заедничките надзори со останатите инспекциски служби, беа реализирани на 29. И 30.05.2024год. со насока секоја инспекциска служба да изврши надзор во доменот на својот делокруг на работа. Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши контрола на функционалноста на операционите сали во горенаведените клиники. При инспекциските надзори е констатирано дека е нарушена функционалноста на хируршките сали, заради обезбедување на медицинските гасови, вклучително и компримираниот воздух., ни одговорија од ДСЗИ.  

Овој надзор бил пред хирурзите да почнат да оперираат со помош на надворешни компресори како привремено решение. 

Дали формалдехидот бил единствената причина за смрдеата во хируршките сали, како дојде до затворање на оперативниот блок, до кога клиниките на хирургија ќе работат со привремено решение и во намален обем? На овие прашања одоговори нема и по два месеци откако настана хаосот на клинички а тогаш проблемот беше наречен – крах на здравствениот систем. 

Откако претходниот министер Демири побара помош од обвинителството, сега случајот е во предистражна постапка и се прибираат докази. 

- Постапката е во тек, се преземаат дејствија на проверки за да се утврди дали постојат елементи на кривично дело, ни одговорија денеска од ЈОРМ 

Сега решението треба да го даде Министерството за здравство, кои по неуспешниот тендер на заеднички служби треба да направи набавка на нова компресоркса станица и промена на инсталацијата. Но тендер се уште не е распишан.