Македонија
24. July 2024 - 12:20

ХОТАМ - И покрај зголемените цени Охрид најефтина дестинација во регионот

Охрид станува скапа дестинација за домашните туристи. И ова лето голем број од посетителите кои одмараат на брегот на езерото на социјалните мрежи се жалат на превисоките цени тие посочуваат дека не само ручекот туку и пиењето велат станува луксуз, угостителите пак на став дека има понуда за сечиј џеб како и во сите останати туристички места.

Од ХОТАМ велат дека иако има зголемување на цените сепак Охрид останува најефтина дестинација споредбено со останатите туристички места.

Инаку Охрид го живее шпицот на сезоната а кулминација на посетеност се очекува, пред почетокот и за време на Илинденските празници.Хотелиерите се надеваат дека оваа сезона ќе биде поуспешна од предходната.