Пожарот на Серта конечно ставен под контрола – Најкритично во Јасен
Пожарите полека се ставаат под контрола. Од 10-те активни изутирната - сега активни се само пет пожари ширум држава.
Конечно по цели две недели под целосна контрола се ставени двата на Серта. На Армискиот полигон Криволат е ставен под целосна контрола. Веќе не гори ниту меѓу селата Пухче и Селце.
Според Центарот за управување со кризи, најкритична денеска е состојбата во Македонски Брод. Гори во заштитеното подрачје Јасен, меѓу Брезница и Тажево. На терен се вработени во ловното друштво Јасен и 50 припадници на Армијата кои со поддршка од хеликоптер на МВР се обидуваат да ја спасат висококвалитетната борова шума
Во моментов гори во Пласница - мешана шума.
Во Чашка ситуацијата е непроменета од вчера. Сѐ уште гори меѓу селата Габровник и Мокрени.
Во Долнени службите имаат делумна контрола врз пожарот, но сѐ уште гори кај селото Небрегово каде минатите денови во опасност беше и манастирот. Пожар кој се префрлил од селото Богомила во Чашка.
- Во текот на денешниот ден дејствувавме со двата ер-трактори на ДЗС, два полициски хеликоптери и еден армиски хеликоптер. Како и 80 припадници на Армијата, вели Ангелов.
Вчера при гасење на пожар на депонијата во Штип со повреди се здобиле командирот на Противпожарната единица и уште еден пожарникар.
- При пад ги повреди, односно ги скрши двете раце, а еден од пожарникарите скрши една рака, вели Ангелов.
По цели две недели и со помош од државите од регионот пожарите конечно почнуваат да се ставаат под контрола. Во изминатиот период гореше речиси насекаде, а најкритично беше на југот од државата.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар