-->
-->
СВР Скопје го расчисти случајот со обидот за убиство на градоначалникот на Арачиново, поднесена е кривична пријава
-->
СВР Скопје го расчисти кривично правниот настан од 01.04.2024 во с. Арачиново, скопско, кога беше пријавено дека кон градоначалникот на општина Арачиново Р.И. и други лица вработени во општината, додека вршеле увид во градежни работи, од страна на НН лице од автоматско оружје биле испукани повеќе проектили, при што со повреди се здобиле Е.С. (39) и А. А.(22). Веднаш по добиената пријава, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал - Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, во координација со ОЈО Скопје, преземени се бројни оперативно тактички и истражни дејствија, при што е утврден идентитетот на сторителот.
По целосното комплетирање на службените материјали и извршените вештачења, на 16.07.2024 до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава против М.А. (36) за сторено кривично дело "убиство во обид", предвидено и казниво по чл. 123 во врска со чл.19 од К3.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

РК Вардар во ретро дресови ќе го прослави 65 роденден
-

Трамп: Израел не ме убеди да го нападнам Иран, тоа беше моја одлука
-

Министерство за здравство: Пациентите со ретки болести непречено и во континуитет ја примаат потребната терапија
-

Уапсени две лица, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, осум возеле без дозвола, еден возел во спротивна насока
-

Уписите на првачињата почнуваат во мај
-

Трамп: Денеска ќе биде потпишан договор со Иран
-

ДНК на судијата Ѓоко Ристов најдена на заѕиданите 350.000 евра
