Филипче: Граѓаните денес се чуствуваат безбедно затоа што сме дел од НАТО, најмоќниот воен сојуз во светот

Граѓаните денеска се чувствуваат безбедно затоа што сме дел од НАТО, најмоќниот воен сојуз во светот, благодарение на посветеноста и одлучноста на СДСМ заедно и граѓаните, потенцира претседателот на СДСМ, Венко Филипче во објава на Фејсбук.
-Во 2020 година, благодарение на посветеноста и одлучноста на СДСМ и граѓаните, Северна Македонија стана 30 членка на НАТО. Со ова, земјата ја реализираше една од најважните стратешки цели која стоеше во програмите на сите политички партии од 1990 година па се до тој момент. Денес сме безбедна и стабилна држава, значајна и рамноправна членка на Алијансата.
Патот до членство во НАТО не беше лесен. Бараше решителност, стратешка визија и, пред сè, храброст да се донесат одлуки за доброто и иднината на граѓаните. СДСМ презеде одлучни чекори во оваа насока, уште со Преспанскиот договор во 2018 година, а 600.000 граѓани на реферундум го потврдија правилниот пат кој го одбра СДСМ. Одлучноста Северна Македонија да застане рамо до рамо со водечките светски демократии денес изгледа поважно од кога било. Во услови на војна на европско тло и светска нестабилност, нашите граѓани може да се чуствуваат безбедно затоа што сме дел од најмоќниот воен сојуз во светот.
Приклучувањето кон НАТО ја зацврсти нашата национална безбедност, ја подобри нашата меѓународна позиција и отвори нови можности за економски раст и развој. Преку членството во НАТО, СДСМ ја потврди и посветеноста на партијата на развојот, демократските вредности, трајниот мир и безбедноста.
Членството во Алијансата е придобивка за сите граѓани и секој политички чинител е должен да го негува и чува ова достигнување. Владата е должна да работи кон понатамошно унапредување на односите со Алинсата и земјите партнери во градење на цврста и долгорочна соработка.
СДСМ останува посветена на носење одлуки кои служат за најдобар интерес на нашата нација. Ние веруваме дека само преку стратешко планирање, одлучност и ставањето на доброто на сите пред партиските интереси може да се надеваме на просперитетна иднина, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
СДСМ - Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-

Полуфиналето на турнирот во Порто и донесе скок на Ѓорческа од 12 места
-

Епидемиологот Оранска од ВМЦ: Четворица заболени од шуга во касарната во Велес, болеста не потекнува од Армијата
-

Тешко повредено 11 годишно момче во Штип, со велосипед удрило во дрво
-

Без вода утре делови од Карпош
-

Директорот на ДЗС на средба со доброволни пожарникари за засилување на соработката
-

Меморијален марш „Кети Милковска и 63 Ангели“ во Македонска Каменица
-

Министерство за одбрана: Случајот со шуга кај професионални војници не потекнува од касарната во Велес, апелираме да не се манипулира јавноста
-

Недела на традицијата, на грозјето и производи од грозје во Тиквешијата
