Маж во Атина застрелан во автомобил со најмалку 15 куршуми
Во населба во северниот дел на Атина, утрово беше пронајден 54-годишен маж смртно ранет со огнено оружје во автомобил, а според првичните неофицијални информации, бил застрелан со најмалку 15 куршуми, јави дописничката на МИА од Атина.
Веројатно мажот бил убиен од непосредна близина, од лице кое се превезувало на мотор, а сè уште е непознато дали имал и соучесник.
Убиството се случи кусо пред 8.30 часот утрово, а жртвата заедно со уште едно лице имале фирма за топографски студии.
Според аудио материјалот од безбедносна камера што го објавија грчките медиуми се слушаат околу 15 истрели, мала пауза и уште неколку истрели, што упатува на мафијашка ликвидација.
Причините и мотивите за убиството засега се непознати, а во тек е истрага на полицијата.
Весникот „Катимерини“ пишува дека според нивни информации, 54-годишниот пред неколку години во полиција пријавил дека бил физички нападнат.
Ново на Сител
-
На ГП Табановце за влез и излез од државата се чека по околу половина час
-
Зеќирија Ибрахими е нов претседател на Алтернатива избран на вонредниот конгрес во Куманово
-
Кратово блесна во полн сјај на првата фестивалска вечер од ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 | ФОТО
-
МВР го барала да го уапси, а тој пробал да лета преку аеродромот во Скопје
-
Повреден германски параглајдерист - Летал над Крушево
-
ДКСК: Го следиме именувањето на в.д. директори во државните институции, ќе реагираме ако има неправилности
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени