Македонија
16. јуни 2024 - 19:44

Наместо во подземни контејнери штипјани сметот го одлагаат врз нив

Штипјани никако да со одучат од старите навики. Две недели по посатвувањето на подземнети контејнери во централното градско подрачје, вреќи полни со ѓубре, кутии и хартија оставени до нив, наместо во нив. Од ЈП „Исар“ од Штип велат дека и до нив секојдневно постигнуваат поплаки од граѓани, но тие се немоќни доколку не се подигне свеста на населението за здрава и чиста животна средина.

- Подземните контејнери се поставени таму за да се понуди нов начин на изѓубрување на отпадот, меѓутоа сведоци сме дека и правните субјекти и дел од населението кое гравитира и живее во централното градско подачје и е должно да го одлага сметот во подземните контејнери, истиот тој отпад го стаават на платото на самите контејнери. Ние како јавно препријатие трошиме ресурси за да го исчистиме сето тоа, изјави Кирил Зајков, директор на ЈП „Исар“- Штип.

Засега, во координација со комуналниот инспектор се пишуваат само опомени на граѓани и фирми, но ќе мора да има промени во казнената политика и во следниот период да следуваат глоби за несовесните.

- Ние веќе во соработка со општинскиот комунален инспектор работиме на терен. Во прва фаза одиме со опоменување на сите граѓани, но наредната фаза ќе биде казнување и на граѓаните и на економските опертори, бидејќи неосвесното однесување го нарушуваат амбиентот во кој живееме сите ние, додаде Зајков.

Подземните контејнери се поставени со цел да не се шири непријатна миризба и да не можат кучињата скитници да го разнесуваат сметот по улиците. Согласно програмата на општината вакви контејнери треба да бидат поставени уште на две локации во градот.