Захарова: САД нема да можат да ја избегнат одговорноста за нападите врз Русија со американско оружје
Официјален Вашингтон нема да може да ја избегне одговорноста затоа што и дозволи на Украина да користи американско оружје за напади врз цели на територијата на Руската Федерација, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
-Тие нема да можат да ја избегнат одговорноста користејќи лаги и лицемерие, рече Захарова, пренесоа руските медиуми.
Според неа, само неколку часа откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен им дозволи да нападнат цели на руска територија, вооружените сили на Украина гаѓаа станбени области во Белгород, користејќи американски ракети „Химарс“.
Рускиот претседател Владимир Путин, претходно, на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург изјави дека одговорот на испораките на оружје со долг дострел за Украина може да биде асиметричен и најави дека Русија ќе ја разгледа таа опција.
Путин сугерираше дека Русија би можела да го испорача своето оружје со долг дострел до делови од светот од каде што би можеле да се извршат напади врз земјите кои испорачуваат оружје на Украина.
„Москва побара да се одржи седница на Советот за безбедност на Обединетите нации на 14 јуни, бидејќи западните земји му дозволија на официјален Киев да изврши напади на територијата на Русија“, објави руската дипломатска мисија во ОН на својот канал Телеграм.
Повикувајќи се на американски официјални претставници, весникот „Волстрит џорнал“ објави дека САД и дале дозвола на Украина да нападне цели на руска територија со повеќецевни ракетни фрлачи „Химарс“, ракетни системи „ГМРЛС“и тешка артилерија, но забраната сè уште важи за тактичките балистички ракети „АТАКМС“.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пред неколку дена изјави дека „Украина има право да напаѓа воени цели на територијата на Русија“.
Ново на Сител
-
Јапонец осуден на две години затвор за кражба на 200 кг млад кромид
-
Во период од пет минути кражби во две банки во атинска населба
-
Претрес во Кочани, пронајдена дрога
-
Кривична пријава против управителот и правното лице Балкан Марбле Индустриес за „даночно затајување“
-
Поради дефект без вода дел од Сопиште
-
Халкбанк ја започнува акцијата „Еден милион садници за пет години“
-
Украина истрела 84 дронови и 13 ракети врз руската област Ростов
-
Скопје втор најзагаден град во Европа и деветти во светот