Сиљановска Давкова: Ќе го почитувам Преспанскиот договор, но го задржувам правото на слобода на изразување

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска повтори дека таа ќе го почитува Преспанскиот договор, но ќе го задржи правото некогаш да ја употребува придавката или името, а за написот на венецот, кој го положи пред спомен плочата на македонски јазик во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим рече дека имало различни мислења во Кабинетот, но со оглед на просторот што го имало на лентата, на крај одлучиле да стои само нејзното име, како предводник на државно-црковната делегација.
- Повикувам да се препрочита Преспанскиот договор, особено во делот на промената на документите за внатрешна употреба што е непознат феномен во историјата на човештвото, во врска со фактот дека таму се врзува овој чин или крајниот рок за истекот на пет години, меѓутоа и за отворањето на првото поглавје и на поглавјата. Кој одлучува за отворање на прво поглавје? - Европската унија. Значи и тие требале да сторат нешто за реализација на Преспанскиот договор. Значи, не сум го прекршила Преспанскиот договор, тој е во сила, ќе го почитувам, но си го задржувам правото да го употребувам, некогаш и придавката да ја употребувам или името, изјави Сиљановска Давкова, одговорајќи на новинарски прашања на маргините на конференцијата за одбележување 85 години од раѓањето на професор Ѓорѓи Марјановиќ денеска на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Ново на Сител
-

Муцунски: Веруваме дека во рамките на нашите предлози може да се најде решение за почеток на преговори со ЕУ
-

Ангелов: Значително е влошена состојбата со пожарите на отворен простор
-

Три „ер трактори“ на ДЗС вклучени во гасењето на шумскиот пожар во близина на селото Моране
-

Се трага по 4 годишно дете од Македонија кое исчезнало на познато албанско летувалиште
-

Срушен е рекордот за ова лето: 21 активен пожар во Македонија
-

Го снимиле и пријавиле како фрла легло со мали мачиња во парк, АХВ го казни со 550 евра
-

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче
-

Орце Ѓорѓиевски се напи вода од чешма и порача: „Скопјани се безбедни“
