Вучиќ ги повика сите членки на ГС на ОН да не ја усвојуваат нацрт-резолуцијата за геноцидот во Сребреница
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска на панел дискусија во седиштето на ОН во Њујорк, каде што зборуваа жртвите и сведоците на војната во Босна и Херцеговина, ги повика сите членки на Генералното собрание на ОН да не ја усвојуваат нацрт-резолуцијата за Сребреница, јави дописникот на МИА од Белград.
-Длабоко сум трогнат од сведочењата на сите Срби кои дојдоа овде да сведочат низ што поминале пред 30 години, рече Вучиќ на трибината на тема „Ние зборуваме затоа што тие не можат – гласови што треба да се слушнат“, организирана од постојаната мисија на Србија во ОН. Тој нагласи дека вистината никогаш не е еднострана и дека жртвите тоа го потврдиле во пресрет на евентуалното усвојување на нацрт-резолуцијата за геноцидот во Сребреница. Вучиќ истакна дека овие луѓе не се политичари, туку обични луѓе и дека сите ќе се чувствуваат многу лошо ако се донесе резолуцијата, бидејќи тие се жртви, а на челото ќе им се стави белег како да се дел од геоноциден народ.
-Србија никогаш не молчела, ние не молчевме за страшните настани во Сребреница, ние апсевме, ние приведовме и ги екстрадиравме сите што беа индивидуално одговорни за страшните злосторства што се случија во Сребреница, рече Вучиќ. Претседателот на Србија додаде дека не може да уценува други земји како што тоа го прават некои од земјите коспонзори. -Каков ќе биде резултатот ако утре ја усвоите оваа резолуција? Од едната страна ќе имате радост, а од друга страна ќе имате лутење, тага и гнев. Па, дали е тоа целта, праша Вучиќ.
Ново на Сител
-

Најстудено во Крушево и Маврови Анови, дневната температура до 15 степени
-

Трамп ја нарече „непријатна“ казната од ЕУ за „Икс“ на Маск; закани за нови царини кон Канада и Мексико
-

Без струја повеќе делови Студеничани и Сопиште
-

Во куќа крај белгискиот град Шарлероа пронајдени околу 150 тарантули
-

ЕУ и НАТО со порака: Мировните преговори зависат од суверенитетот и безбедноста на Украина
-

Нејмар: Ќе го оперирам коленото, овие недели беа тешки за мене
-

Иранците ќе разговараат со ФИФА за ситуацијата околу натпреварот со ЛГБТ-тематика
-

Џенова го победи Удинезе и избега од „опасната зона“ во Серија А
