Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
Основниот суд во Приштина соопшти денеска дека на српски државјанин, идентификуван со инцијалите С.М., му одредил едномесечен притвор поради постоење сомневања дека ги сторил кривичните дела „Здружување со цел противуставна дејност“, „Загрозување на лица под меѓународна заштита“, „Учество во толпа што врши кривично дело и хулиганство“ и „Напад врз службено лице“, поврзани со нередите од мај минатата година во Звечан во северно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Судот наведува дека „постојат правни причини за определување притвор, имајќи ги предвид начинот и околностите во кои се сторени кривичните дела, особено општествената опасност на кривичните дела, последиците од кои многу припадници на КФОР, полициски службеници, новинари и други граѓани се повредени“, а причинети се и „бројни материјални штети од опожарување и физички оштетувања.
„С.М. е осомничен дека со група други осомничени учествувал во протестите организирани на 29.05.2023 година пред зградата на општина Звечан, нападнале припадници на КФОР и припадници на косовската полиција, како и користеле пена за блокирање на вентилацијата на полициски автомобил во кој во тие моменти биле заробени полициски службеници, а целта на пријавениот била да го спречи снабдувањето со кислород на овие полицајци, сериозно загрозувајќи ги нивните животи, со што дејствијата на овој обвинет ги исполнуваат сите елементите на кривичните дела за кои е осомничен“, се наведува во судското соопштение.
Според образложението за определување притвор, доказите доволно покажуваат дека обвинетиот, доколку му се дозволи да се брани на слобода, ќе се обиде да ги промени доказите за кривичното дело, влијаејќи врз други осомничени кои се на слобода, како и други потенцијални сведоци“.
„Во конкретниот случај постои и ризик од бегство на обвинетиот, тој лесно може да избега, имајќи го предвид фактот дека е државјанин на Србија и доколку биде ослободен може да избега, така што во овој случај определување притвор е неопходно и повеќе од оправдано“, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Силекс лидер во Првата македонска фудбалска лига
-
Одбрано новото раководство на СДСМ: Александар Димитријевиќ нов генерален секретар, избрани потпретседатели
-
Масовна тепачка во скопска кафеана за тоа кој да ја плати сметката
-
Крадец влегол во домот на скопјанец и украл парчиња накит, потоа го нападнал и сопственикот
-
Измамен 54-годишен за 730 илјади денари, му кажале дека има 15.000 долари заглавени во банка
-
Тешка сообраќајна несреќа на магистралата Гостивар – Кичево
-
Во Основниот суд во Куманово продолжи рочиштето против кумановскиот градоначалник Димитриевски
-
Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, смета претседателот на МАНУ