Нетанјаху: Немаме избор освен да го уништиме Хамас
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека се надева дека ќе бидат надминати несогласувањата со американскиот претседател Џозеф Бајден кога е во прашање војната во Газа и дека Израел „нема друг избор освен да го уништи Хамас“, вклучувајќи ги и припадниците на таа група во Рафа.
„Ние често се согласувавме, но имавме и несогласувања. Бевме во состојба да ги надминеме.
Се надевам дека ќе можеме да ги надминеме сега, но ќе го направиме тоа што треба да направиме за да ја заштитиме нашата земја. Ако не ги уништиме, ако ги оставиме, тие ќе се вратат.
Ќе излезат од тунелот, повторно ќе ја преземат Газа и ќе го направат тоа што го ветија, ќе го направат 7 октомври, овој огромен масакр повторно, повторно и повторно“, рече Нетанјаху во интервјуто за емисијата „Д-р Фил Прајтајм“, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Емисијата во која беше интервјуиран Нетанјаху е снимена завчера, пред Бајден да предупреди дека ќе ја прекине испораката на оружје за Израел доколку израелската војска започне голема инвазија на Рафа.
Ново на Сител
-

На демонстрантите во Иран ќе им се суди како на непријатели на Бог
-

Стабилно и потопло време до петок, за викенд дожд и снег на планините
-

Повеќе пари за новороденчињата во Гази Баба: Поддршката се зголемува на 8.000 денари
-

СПМ ја поддржува иницијативата за укинување на "техничката влада"
-

СЗО предупредува: Алкохолот во Европа е премногу евтин и достапен
-

Лажни реклами за онлајн казина кружат на социјалните мрежи, алармира АПИС
-

Истражување: Повеќе од 388 милиони христијани доживеале прогон поради својата вера во 2025 година
-

Франција ќе отвори конзулат на Гренланд
